МРТ вчера (22. Мај) преку јавно соопштение потврди дека Македонија со сигурност ќе испрати претставник на европскиот музички фестивал во 2027 година „Евровизија“ , кој ќе се одржи во Бугарија – Софија.
Европа ќе се собере кај нашиот сосед на исток, а ние како држава следната година повторно ќе се приклучиме во евровизиското јато.

Една од нашите млади познати пејачки веќе претендира да биде ликот на Македонија од евровизиската музичка сцена, а како веќе искусна со учество како придружен вокал, еуфоријата и се’ она што ја очекува, делумно и се познати.

Станува збор за Антониа Гиговска која од своите „стори“ објави на Инстаграм даде знак дека би сакала и би можела да биде македонската претставничка секако доколку биде избрана како таква.
На Гиговска и годеа коментарите од следбениците дека е одличен избор за македонски претставник, па на истите им возврати со (ре)објава и симболи од срциња и раце што се молат за тоа.

Инаку, Антониа Гиговска во 2018 година беше придружен вокал на групата „Eye Cue“ која ја претставуваше Македонија, за веќе следната година таа повторно да ја има истата улога, односно придружен вокал и на Тамара Тодевска на Евровизија 2019, каде Македонија го оствари најдобриот пласман досега.

За потсетување, Македонија последен пат настапи на „Евровизија“ во 2022 година, кога претставник беше Андреа Коевска со песната „Circles“, која беше избрана преку националниот избор за „Евросонг“. Највисокиот пласман за Македонија го освои Тамара Тодевска со „Proud“ во 2019 година, кога се пласираше на седмото место.
фото: You tube printscreen/Eurovision Song Contest/ facebook/ Antonia Gibovska/ AI илустрација






