Поп-ѕвездата Кајли Миног ја шокираше јавноста признавајќи во својот нов документарец на Нетфликс дека тајно се борела со уште една дијагноза на рак во 2021 година, која одлучила да ја задржи за себе.
Во емотивната серија, таа отворено зборуваше за својот живот, кариера, но и за најтешките приватни моменти, вклучувајќи го и враќањето на болеста.
Патем, за првпат на пејачката ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2005 година, кога имаше 36 години, што ја принуди да ја откаже светската турнеја и настапот на Гластонбери.
View this post on Instagram
Во третата епизода од документарецот, Кајли низ солзи откри дека нејзината болест се вратила во 2021 година, но овој пат одлучила да не го објави тоа јавно.
Зборувајќи за песната „Story“ од албумот „Tension“, таа објасни дека токму таа го носи личното искуство од борбата со болеста.
– Постои песна наречена „Story“ и е создадена затоа што мојот втор рак беше дијагностициран на почетокот на 2021 година – рече Миног во документарецот.

Дополнително, таа истакна дека за првпат, по дијагнозата во 2005 година, доживеала огромен медиумски притисок и „папарацо опсада“, поради што овој пат сакала приватност.
– Можев да го задржам тоа за себе и да ја поминам таа година, а не како првиот пат кога сè беше јавно. Не се чувствував обврзана да му кажам на светот, бидејќи тогаш бев само сенка од себе. Во еден момент дури и не сакав да излезам од дома – рече пејачката, која додаде дека во неколку наврати за време на промоцијата на хитот „Falling“ размислувала да ја открие вистината, но не била подготвена.
– „Falling“ ми отвори многу врати, но внатре знаев дека ракот не е само минлива работа во мојот живот и сакав да го кажам тоа, за да можам да продолжам понатаму – рече Кајли.
Дополнително, таа потврди дека по вториот третман добила „јасни резултати“ и дека сега е медицински стабилна.
– За среќа, повторно поминав низ сето тоа и сега сè е во ред. Којзнае што носи иднината, но музиката сепак ме држи – рече Миног.

Во документарецот, таа се осврна на периодот од првиот третман, кога мораше да ја паузира постапката за ин витро оплодување поради хемотерапија, која на крајот беше неуспешна.
– Напишав писмо до дете кое никогаш не сум го запознала. Ако тоа се случеше, ќе беше речиси чудо, но не испадна така. Се прашував каков би бил животот – рече пејачката.
Во интервју за британските медиуми, Кајли рече дека е горда на својата животна борба и патот што го поминала, иако честопати се соочувала со критики на почетокот на кариерата.
– Ги разбирам критиките, но во раните денови едноставно не бев формирана како уметник – заклучи Миног.
фото: Instagram printscreen/kylieminogue






