Радио Милева скриена порака

Хурем Султан бремена на црвениот килим во Кан?! (фото)

Хурем Султан бремена на црвениот килим во Кан?! (фото)

Во Франција по 77 пат беше отворен Канскиот фестивал на којшто присуствуваа голем број на истакнати имиња од светот на филм

На црвениот тепих на фестивалот во Кан познатите прошетаа во брилијантни модни комбинации, а меѓу нив се најде и популарната турска актерка Мерјем Узерли.

Мерјем која ја толкуваше улогата на Хурем во серијата „Сулејман величествениот“, синоќа присуствувала на премиерата на филмот „The Second Act“ и привлекла внимание со својот изглед, а многумина шпекулирале дека станува збор за ботокс и слични препарати за подмладување.

Прекрасната актерка на овој голем настан се појавила во фустан извезен со шарени мониста кои се во ритамот на ориенталниот стил.

Мерјем во фустанот „Masion Novague“ со сини и златни тонови, со голем отвор на грбот изгледала како да дошла од најромантичните бајки. Меѓутоа, уште една работа била забележлива, а тоа е положбата на рацете кои Мерјем ги држи на поголем дел од фотографиите – на стомакот кој изгледа малку нараснато.

Фановите овој потег го протолкувале дека актерката сака да ги навести убавите вести, но засега тоа е само шпекулација.

Дали ова е случајна поза, скриена порака или актерката намерно сакала да ја заинтригира јавноста и натаму не е јасно.

Инаку, Мелием е мајка на две ќерки, досека таткото е непознат за јавноста.

фото: Screenshot / Youtube

To top