Моделот Софија Милошевиќ се присети на деталите од тепачката со школска другарка на кои се сеќава до ден-денес.
Сопругата на фудбалерот Лука Јовиќ, моделот Софија Милошевиќ, се смета за една од најубавите жени на нашите простори, а нејзините објави на социјалните мрежи привлекуваат големо внимание од јавноста.

Таа живеела и работела во Америка со години, патувала низ целиот свет, но со радост се сеќава на растењето во Србија. Додека гостувала во една емисија, таа се присетила и на еден необичен настан од нејзиното детство.

– Во тоа време беше кул сите да се соберат пред училиштето и да ги бодрат оние што се тепаа. Тој ден требаше да се тепам со една девојка, мислев дека ќе ме претепа, бидејќи беше огромна, но на крајот ја претепав – изјави Софија за „Вошкаст“ и додаде:
– Го памтам тоа до ден денес. Другите деца беа околу нас, сите гледаа и навиваа. Таа ме зграпчи за коса, а јас почнав да ја клоцам. Имав таа предност, бидејќи постојано се карав со брат ми. Тренирам бокс и навистина имам ненормално силен удар. Мојот тренер ми рече да удрам како маж.

Патем, Софија постојано нагласуваше дека се спротивставила на трендот на естетска хирургија, но сепак имала некои помали интервенции, а неодамна поминала низ агонија поради една.
Foto: printscreen/insrtagramsofijamilo





