Пејачката Весна Змијанац се разболе вечерва, 14 мај, пред концертот во Белградската арена, објавија тамошните медиуми.
Пред почетокот на концертот, амбулантни возила пристигнаа на главниот влез на Арената, по што екипата влезе зад сцената.

Според Телеграф, Весна Змијанац, која беше хоспитализирана поради здравствени проблеми пред неколку месеци, вечерва прими инфузија бидејќи не се чувствуваше добро.
Откако ѝ укажале прва помош, екипата на Брзата помош ја напуштила Арената. Според неофицијални информации, Весна се пожалила на висок крвен притисок пред концертот, поради што веднаш била повикана брза помош.
Сепак, судејќи според фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои Змијанац позира во црна, гламурозна тоалета, се чини дека пејачката се чувствувала многу подобро по интервенцијата на брзата помош.
Ipak će koncert biti održan pic.twitter.com/nCbzYi51G8
— Likeaboss (@Instastory88) May 14, 2026
Инаку, Весна Змијанац го одржа концертот на 14 а потоа следат по ред во Белградската арена и на 15 и 16 мај.
Foto: print screen/faceboook/Vesna Zmijanac/X






