Мегафон Виена calling...

Вечерва е првата полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар

Вечерва е првата полуфинална вечер на Евровизискиот натпревар

Првото полуфинале на овогодинешниот 70-ти избор за песна на Евровизија ќе се одржи вечерва во 21 часот во виенската сала „Štathala“.

За време на првата натпреварувачка вечер, ќе настапат 15 земји, а првите десет ќе се пласираат во големото финале врз основа на гласовите на публиката и стручното жири, кои се вреднуваат во сооднос 50:50.

Гласањето ќе се отвори откако ќе завршат сите настапи и ќе трае 15 минути.

Десетте изведувачи со најмногу гласови од публиката и жирито ќе се пласираат во големото финале закажано за сабота, 16 мај.

Вечерва ќе настапат претставници од следните земји:Црна Гора, Молдавија, Шведска, Хрватска, Грција, Португалија, Грузија, Финска, Естонија, Белгија, Литванија, Сан Марино, Полска и Србија.

Синоќа пред жирито се одржа генерална проба.

Генералните проби претставуваат клучен момент пред полуфиналето, бидејќи тогаш сите сегменти од претставата конечно се координираат – од камерата и осветлувањето до вокалната интерпретација и сценскиот израз.

To top