Пејачката Драгана Мирковиќ вчера беше изненадена од синот Марко и ќерката Мануела по повод меѓународниот празник – Денот на мајките.
Драгана често истакнува колку е задоволна од своите деца, кои беа голема поддршка за време на разводот од Тони Бијелиќ.
Марко и Мануела ја потврдија својата љубов и грижа кон својата мајка вчера кога ја израдуваа Драгана Мирковиќ за Денот на мајките.

За оваа пригода, двајцата го украсија замокот Ебенфурт во розови тонови, а подароци, цвеќе и торта во облик на срце со зборовите „Мамо, те сакам“ ја чекаа Драгана на масата.
Пејачката објави и фотографија со својата ќерка кога била мала со пораката: „Ти благодарам, мое сонце“.

По изненадувањето дома, Марко и Мануела ја изведоа својата мајка на пијалок, а таа постојано се смееше. Горда на своите наследници, Драгана ги објави фотографиите на Инстаграм и им се заблагодари на синот и ќерката.
„Кога моите најблиски ќе ме изведат за Денот на мајките“, напиша Драгана, полна со гордост.

Да потсетиме дека пејачката неодамна за првпат проговори за својата внука Ксенија, не криејќи ги своите емоции кон ќерката на нејзиниот син Марко.
извор:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic






