Радио Милева ем мажена, ем бремена...

Ај Кју од семејно дуо стануваат трио: Марија и Бојан чекаат принова! (ВИДЕО)

Ај Кју од семејно дуо стануваат трио: Марија и Бојан чекаат принова! (ВИДЕО)

Музичко – љубовното дуо Eye Cue составено од Бојан Трајковски и Марија Ивановска кои и приватно се во долгогодишна врска  неодамна се појави со најновото музичко остварување, „Мажена“. Музичка провокација за јавноста, а според многумина можеби и „штик проба“ за она што наскоро приватно подготвуваа(т)…

И не помина долго кога претпоставките очигледно се остварија… Пејачката ем „Мажена“, ем бремена! Марија и Бојан чекаат принова! Ај Кју од семејно дуо стануваат трио!

Дека „баба лаже социјалните мрежи – понекогаш и не“, доказ е видеото кое Бојан и Марија го споделиле на Инстаграм. На него, музичко – љубовното дуо со симулација на тестот за бременост… До душа моментот малку збунувачки,  ама затоа евидентно тазе нараснатото трудничко стомаче, го демантира резултатот на тестот! Едната црта што ја покажува е само „лажна симулација“, зашто втората никаде „не исчезнала“, што најдобро го докажува приложеното на споменатото видео.

„Изненадувањето“ јавно објавено, мешето видлливо нараснато, а радоста секако е секогаш голема! Особено кога во семејството доаѓа првата принова.

Полот на бебето се’ уште непознат, па оттаму и евентуалното име, иако Бојан и Марија веројатно веќе имаат листа на потенцијални имиња. Името на бендот во слободен превод би значел „Ишарет“, ист онаков музички каков што дадоа со последната песна „Мажена“, па оттаму останува и дилемата: Бремената Марија прво ќе биде мајка или невеста, односно дали Бојан и Марија ќе станат родители, пред да станат младоженци? Што и да е – со среќа нека е!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Eye Cue (@mariaeyecue)

Фото и видео: Инстаграм/mariaeyecue

To top