Лавина од реакции на социјалните мрежи предизвика ненадејното јавно препукување на меѓу две добро познати фаци – популарниот актер и стенд- ап комичар Стефан Николовски и познатиот музичар Мартин Филиповски, гитаристot на братското дуо „Некст Тајм“.
Нивниот пријателски однос очигледно се најде на сериозен тест, откако Стефан Николовски реши јавно, преку видео-обраќање, да испрати директен предизвик и да расчисти одредени сметки со музичарот. Тој со сериозен тон откри дека до него стигнуваат сериозни спортски провокации кои повеќе не може да ги премолчи.

„Во последните неколку дена константно идат до мене муабети, провокации од јавна личност која што е во еден македонски бенд и не е крив бендот, они се двајца, меѓутоа конкретно една јавна личност од тој бенд по луѓе шири муабети и провоцира. Таа јавна личност има име и презиме. И другар сакам да ти кажам едно нешто, ја можам да се караме и да се шегуваме и да се смееме, ама да одиш по народ и да кажуваш дека ти мене ќе ме тепаш тенис со тефлонска тава, тоа не можам да го преќутам и те повикувам јавно некаде да се најдеме и да го решиме тој проблем, да видиме колку си ти добар во тоа“, дециден е Стефан во своето јавно обраќање.


фото:Instagram printscreen/stnikolovski/martin_filipovski




