Промотер

Марија Спасовска со чиста емоција од душа ранета на дождот во – „Јас би те љубела“ (ВИДЕО)

Марија Спасовска со чиста емоција од душа ранета на дождот во – „Јас би те љубела“ (ВИДЕО)

Откако пред неполн месец, во еден познат скопски локал, во присуство на медиумите, соработниците и гостите, младата пејачка Марија Спасовска го промовираше својот деби албум „Седатив“, а со него и насливната песна и видеоспотот за истата, сега во етерот на Јутјуб и на сите дигитални платформи осамна и втората песна од него.

Темата носи наслов „Јас би те љубела“ и одново е авторско дело на младата пејачка кога се во прашање музиката и стиховите, додека аранжманот и продукцијата ги потпишува Иван Јованов – Ивајо.

Музички се работи за емотивна ар ен би балада, модерно спакувана во која доминираат хармонската подлога и пред се’ гласовната изведба на младата пејачка, која сета своја вокална експресија ја истурила вдахнувајќи и душа на песната, онака како што ги чувствувала стиховите кои и самата ги напишала. Болно, ранливо, збунето, растреперено, скршено… Како што и звучи  една невозвратена љубов на ранета женска душа, која бескрајно целосно се дала во истата, а за возврат не добила ништо или едвај само љубов  „на кафено лажиче“…!

Песната визуелно е поткрепена со видеоспот потпишан од  Artistic Film, едноставен, без  спектакуларни кадри, но доволно ефектен, за што целосно е заслужна одново самата пејачка, која покрај вокално-авторските квалитети, овде ја покажува и сета своја актерска дарба и спосбност целосно да му се предаде и влезе во ликот кој ја отсликува неговата емотивната состојба, изразена во музиката и самите стихови на песната.

Се на се’ и со оваа втора песна од проектот „Седатив“, Марија Спасовска покажува дека и авторски и артистички полека чекори кон она што се нарекува прва лига сочинета од младите сили на македонската поп естрада.

Како звучи и изгледа Марија Спасовска во сопствената балада „Јас би те љубела“, проследете од видеото во продолжение…

 

 

 

To top