Младата поп- пејачка од Куманово, Ивона Јо пред нешто повеќе од една година тргна на патот кој ќе и го смени живот, а почетокот беше означен од Истанбул каде во една приватна клиника направи липосукција и отстранување на вишок кожа.
Ако некогаш огледалото беше изворот на комплекси, стравови и несигурност, денес Ивона со крената глава и со гордост гледа во одразот кој го гледа, токму од тоа исто огледало.

Арно ама храброста и промените секогаш се рамо до рамо за пејачката која овој пат се реши да тргне во нов чекор, нов личен предизвик, односно да се впушти во трка од 5 километри за која отпочна со подготовки.

-Понекогаш оваа Ивона не можам да ја препознам. Ретко седнувам да ја анализирам, но вака низ слики и видеа стално знам да си кажам гласно… Фала ти Боже за силата и издржливоста која ми ја даваш секој ден- одново и одново. Полека се спремаме за првата трка. Не е прва животна. Прва трка со трчање.
За некој 5 километри можеби се лесни и достапни. Но моментално работиме заедно со @medfitivan на кондиција и спремање. Трката е поддржана од мојата течна енергија. – пишува Ивона.

Секој си е свој креатор на личната сатисфакција, а Ивона веќе многупати погажа дека е цврсто решена да го прави она што го наумила, а веруваме дека и сега ќе успее во намерата како и претходно, зашто светот е на храбрите – нели?!
фото:Instagram printscreen/ivonajo



