Радио Милева лавица за своите

Цеца збесна по коментарите на жирито за Македонецот Иван Милевски: „Ајде бре, ве молам, не сакам да слушам небулози!“

Цеца збесна по коментарите на жирито за Македонецот Иван Милевски: „Ајде бре, ве молам, не сакам да слушам небулози!“

Секоја година од сезона во сезона како наближува финалото од регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“, станува се потензично.

Секој од менторите на кандидатите кои влегуваат во потесниот круг, жестоко се бори за неговиот пласман и борба од финалето. Сепак, ништо не може да тече по замисленото, што е и нормална тековна пракса на шоуто.

Овој пат, Цеца Ражнатовиќ влезе во конфликт со своите колеги судии, особено со Ана Бекута на која воопшто не и се допадна избедбата на велешанецот Иван Милевски на песната „Македонско девојче“, споредено со Босанецот Марио Мијатовиќ од тимот на Снежана Ѓуришиќ.

 

„Марио е сигурно подобар пејач во однос на Милевски. Затоа и гласав за него бидејќи избра потешки песни. Што се однесува до Иван не можам да ја простам ваквата изведба на македонската химна, песната „Македонско девојче“, со толку украси, трилери… Мислев да гласам за Иван, но непростливо е вака да ја пее македонската химна, непростливо, но не лути се. Морав да ти го кажам ова за да обрнеш внимание. Ова не смее да биде кафеанска изведба. Не лути се“, изјави Бекута, по што се огласи Цеца Ражнатовиќ потполно бесна.

 

„Какви се овие небулози? Не сакам да слушам вакви работи, публиката да слуша нешто што не е точно .Никола Станишиќ истото ова вака го пееше па никој нему најде мана, ајде бре, ве молам, не сакам да слушам небулози!“, реагираше Цеца видно нервозна од коментарот на колешката.

Тогаш и Ѓорѓе Давид стана во одбрана на Цеца и нејзиниот кандидат и начинот на кој тој ја испеа „Македонско девојче“.

„Јас побарав глас за да го побијам тврдењето на Ана. Тука пишува „Македонско девојче“ на Јонче Христовски, дали знаете кој е тоа? Јонче е роден 1930 година и човекот што постави како се пее тоа што Ана го нарече химна, а пејачите тоа го прилагодуваа на своите пејачки можности. Така што тој го испочитува секој украс од таа праисториска изведба“, изјави Ѓорѓе.

Цеца беше децидна и повторно се дополни дека според неа Иван бил на висина на задачата.

„Не сум дементна, така што не можам да ми се сервираат празни приказни, толку од мене“, изјави Цеца по коментарите на нејзините колеги.

На крајот мораше да се вмеша и директорот Горан Шљивиќ, кој истакна дека по ваква расправа единствено праведно е и двајцата кандидати да завршат во бараж. Впрочем така и се случи, па и Иван и Марио завршија во бараж, но и двајцата успеаја од таму да се пласираат во седмиот круг.

Настапот на Иван и коментарите на жирито можете да ги погледнете од видеото на 2ч 54мин

 

 

To top