Радио Милева бујните гради во преден план

„И не е така лошо чувството“ – Елена Ристеска позираше сериозно на фотографиите по повод својот јубилеен роденден

„И не е така лошо чувството“ – Елена Ристеска позираше сериозно на фотографиите по повод својот јубилеен роденден

Поп-пејачката Елена Ристеска се огласи на социјалната мрежа Инстаграм по повод својот 40-ти роденден.

Имено, Елена е родена на 27 април и вчера сподели неколку фотографии од неа и остави порака со која им најави дека по оваа бројка влегува во посериозните години.

– 40ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност. Благодарност за честитките кои цело утро ми стигаат од вас. Благодарна сум за сѐ што имам и што ми даде Бог можност да стекнам. Благодарна за сите луѓе кои се до мене овие 40 и за сите кои ќе бидат до мене наредните 40 години. Следните 40 ќе мора да се посериозни каква што сум јас на сликиве.

Ристеска во преден план го истакна нејзиното отворено деколте, па не ја пропушти можноста да ги покаже градите кои привлекоа најголемо внимание. Така додека таа гордо и сериозно позира нејзините бујни гради јасно се гледаат.

Пејачката воедно им се извини и на сите на кои нема да успее да им врати во инбокс за честитките кои пристигнале во колем број на нејзината адреса.

П.С. Не ми замерувајте ако по некоја случајност не ви вратам на честитките, минатата година ми исчезнаа од премногу пораки голем дел од пораките и многу ми беше непријатно дека немав вратено на сите. Во случај да не видам во инбокс, овде ви благодарам на сите кои одвоивте време да ми честитате.

Таа воедно го комплетирала својот изглед и со шминка што ги истакна нејзините црти на лицето, особено очите, а конечно им подари на своите обожаватели и малку насмевка.

Арно ама… Кој да ја гледа в очи, кога малку подолу погледот сам се спушта, тука застанува и се кочи! А чувството…? Навистина и не е така лошо!

Foto: Printscreen/Instagram/elenaristeska

To top