Познатата македонска ТВ водителка Анита Даева ќе стане свекрва!

Нејзината втора рожба, синот Давид неодамна се сврши.

Тој во романтичен амбиент на украсената дрвена платформа крај карпестиот морски брег клекнат на коленици со свршенички прстен в рака ја побара раката на својата сакана Ива со пзнатото запросување: „Дали ќе се омажиш за мене?“

Откако девојката го изговорила судбоносното ДА, двајцата паднале во љубовна прегратка.

Потоа идниот сопруг ја кренал в раце својата идна животна сопатничка, која со полна насмевка гордо го покажала свршенички прстен со драгоцено камче.

Се разбира најсреќна и најгорда – идната свекрва, која убавата вест веднаш ја обзнанила на своите профили на социјалните мрежи споделувајќи емотивен пост покрај фотографиите од двајцата вљубени свршеници.
„Не си родив ќерка, ама си добив најпрекрасно девојче.Вечни да сте деца златни Ива и Давид. Да си остарите заедно вака заљубени, ве сака мајка“ – напишала Даева во постот.

Инаку, јавноста на велешанката Анита Даева се сеќава како ТВ водителка на Утринската програма и некои магазинаки емисиио на ТВ Сител, како и водителка на некои од македонските музички талент шоу емисии како „Нови и млади“, каде се натпреваруваа млади поп и фолк пејачи, но таа е и текстописец – автор на стихови за некои песни и познати музички хитови.

На гордата идна свекрва сега и преостанува да се подготвува за свадбата. Нека се среќни и вечни свршениците – идни споружници!
Фото: Инстаграм и Фејсбук/anitadaeva






