Пејачката Мина Костиќ направи драстична промена, заменувајќи ја својата долга коса со целосно кратка фризура. Мина одлучи да се трансформира, па ја скрати косата целосно, што ја направи непрепознатлива.
Таа сподели видео од фризерскиот салон на Инстаграм, а нејзината трансформација ги шокираше нејзините следбеници.

Додека многумина го пофалија нејзиниот нов имиџ, имаше и такви кои коментираа дека оваа фризура ја прави да изгледа значително постара.

Сепак, на нејзиниот избраник, Мане Ќурувија Каспер, со кого планира да се омажи, многу му се допадна оваа промена, бидејќи го сподели видеото од салонот на својот Инстаграм и не го криеше своето воодушевување.
Foto: Printscreen/Instagram/minakostic_official







