Радио Милева гордост мамина

Елена Велевска слави за првата љубов, првата среќа… Здравица за само за неа и новите животни предизвици (видео)

Елена Велевска слави за првата љубов, првата среќа… Здравица за само за неа и новите животни предизвици (видео)

Мајчиното срце трепери од радост, среќа и убаво кога чедата свои ги ги гледа како растат, учат, чекорат по вистинскиот пат… а кога ќе дојде моментот да станат самостојни со полнолетноста, тоа исто срце иако не сака „да ги пушти“, сепак, неизбежното неминовно доаѓа.

Фолк пејачката Елена Велевска стигна до таков момент на неописливо чувство за својата прва љубов, прва среќа, првата ќерка Софија која откако неодамна го прослави 18-от роденден, сега направи и мини прослава за полнолетството.

Забавата во кругот на најблиските роднини и пријатели се случи во еден охридски хотел каде славеничката дуваше свеќи од белата торта.

Нежна, префинета и одмерена во изгледот, младата наследничка на Елена, беше во фокусот на специјалниот ден од кој во нејзино име се крена здравица за се’ она што и следи во животот.

Полнолетна, своја и самостојна во цутот на младоста која допрва и отвора нови животни предизвици.

Елена Велевска е мајка на три деца, Софија, синот Марко и најмалата Калија.

За Софија веќе е познато дека го наследила талентот од мама и пее како славеј, Марко го сака фудбалот, додека Калија од мали нозе свири на пијано.

Дали Софија ќе продолжи да ги негува музичките афинитети и ќе стане музичка наследничка на мама, оставаме времето да покаже за се’ она што следи.

Со среќа!

фото:Instagram printscreen/evelevska

To top