Радио Милева Честитки

Филип Александровски ги освои гласовите на жирото во „Ѕвездите на гранд“

Филип Александровски ги освои гласовите на жирото во „Ѕвездите на гранд“

Младиот талентиран македонец, Филип Александровски од Куманово со песната „Мајко“ ги освои  гласовите на жирото во „Ѕвездите на Гранд“ оваа сабота на 11 Април.

Тој доби загарантиран пласман во плејофот по неговиот настап во „Ѕвездите на Гранда“, откако доби пет гласа поддршка и две панични копчиња за неговиот настап.


Младиот талентиран Филип во интервју за „Гранд“ истакна дека сака да биде скромен, но сепак тоа и го очекувал бидејќи, работел многу со неговиот ментор заедно и поминал многу непроспиени ноќи, многу работа и пеење, но токму поради тоа дошол подготвен.

– Многу вежбав со мојот ментор, бев малку возбуден, пукав од адреналин, имаше неколку солзи радосници, многу емоции…- изјави Филип за Гранд по спектакуларниот настап, а потоа се осврна и на своите колеги од натпреварот:

– Се приврзавме многу еден кон друг и многу ми е жал кога некој ќе биде елиминиран. Тешко е, но како што вели директорот, тоа се правилата.

Инаку, едно од видеата стана вистински хит на социјалните мрежи за само еден ден, беше прегледано повеќе од половина милион пати на официјалната страница на „Ѕвезда Гранда“ на Инстаграм. Тоа беше видеото од моментот кога братот на учесникот, Филип Александровски во „Ѕвездите на Гранд“, привлече големо внимание кога им се обрати на членовите на жирито од зад сцената, а потоа се фотографираше со нив.

Овој момент беше особено трогателен за Филип, чиј помлад брат Огнен е голема поддршка, но и, како што вели тој, најслабата точка во неговиот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Штом го виде братот на Филип, Мили истакна дека еден ден ќе биде голема ѕвезда, а Филип призна во интервју за Гранд дека овие зборови од членот на жирито навистина му значат.

– Мојот мал брат, кого го сакам најмногу на светот, кој ми е слаба точка! Тој навистина сакаше да се слика со членовите на жирито уште од првото коло од натпреварот. Мили навистина го пофали кога го виде зад сцената, но таков е, обожава да пее и да танцува – гордо рече Александровски.

foto: printscreen/instagram/filipaleksandrovski

To top