Младата македонска пејачка од новата генерација, Марија Спасовска, продолжува да ги освојува срцата на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а нејзините објави секогаш предизвикуваат реакции.
Овој пат, Марија им го задржа вниманието на фановите со најновите приказни и објави, каде што откри дел од нејзиниот приватен свет.

Имено, таа ја откри својата вечерна рутина, која, според неа, ја следи буквално секоја вечер, ама баш секоја. Во еден забавен и релаксирачки видео-клип, Марија откри што точно прави.
„Рутината секоја вечер, ама баш секоја“ – споделила Марија која открива дека свирењето пиано и е редовна вечерна доза музицирање пред спиење или излегување, сеедно.
Само што додаде дека овој пат е целосно внесена во дирките, затоа што во главата си го пее и текстот.
Иако не појасни дали свири некоја позната мелодија, некоја нејзина стара песна или компонира некоја сосема нова, оваа објава ја приближи пејачката до публиката, но потсети и на тоа колку и е важно да најде време за себе во секојдневието, за она што навистина покрај студиите целосно ја исполнува, а тоа е музиката.
Но, Марија не застана тука. Во продолжение, таа сподели и еден особено емотивен момент – честитка за роденденот на нејзината мајка Вера, која ја смета за „најголема поддршка во сè“.
Така од нив двете, пејачката објави и една заедничка фотографија за убавиот повод.
„Среќен роденден, мама“ – напиша пејачката и додаде емотикон со розoво срце.

Овој гест ја истакна семејната врската меѓу ќерката и мајката и ја потврди искреноста и убавото домашно воспитување на пејачката, огледана во ваквите важни, интимни моменти.
Foto: print screen/Instagram/marija.spasovska





