Радио Милева де погоди која сум...?

Тогаш тинејџерка, денес жена: Секоја чест ако го препознаете ова мало распеано девојче, денес е познато музичко име! (ВИДЕО)

Тогаш тинејџерка, денес жена: Секоја чест ако го препознаете ова мало распеано девојче, денес е познато музичко име! (ВИДЕО)

Нејзиниот талент за пеење ќе го откријат домашните, поточно нејзиниот  брат Дарко, кој ќе го забележи потенцијалот на својата сестра слушајќи ја како таа си ги потпевнува познатите регионални и светски хитови на познатите пејачки ѕвезди.

И самата кариерата ќе ја започне на еден  регонален музички натпревар за детски таленти, каде нема да победи, но ќе покаже дека „идната ѕвезда е родена“. Дополнително ќе го потврди својот вокален потенцијал со учеството во мјузиклот „Тајно моја“ посветен на најголемат поп ѕвезда на сите времиња Тоше Проески.

Потоа кариерата вртоглаво и тргнува нагоре…

Се редат песни, од кои повеќето стануваат радиски хитови, проследени со атрактивни видеоспотови и преовокативни фотосесии и видео-едиторијали на социјалните мрежи.

Врската со познат пејач на еден популарен бенд ќе биде тема на печатот и порталите, но насловниците на таблоидите со недели, па и месеци ќе ги полни нејзинта афера за врската, а подоцна и бракот со (нај)добриот другар на нејзиното бившо момче, исто така музичар од познто музичко семејство.

Но од пишаното не се бега, па она што било пишано и судбина со текот на времето ќе прерасне од „скандалозна афера“ во вистинска семејна хармонија, која ќе кулминира со доаѓањето на свет на нивното синче.

Со текот на времето станува една од најпознатите и најпопуларни македонски ар ен би и поп пејачки, со мноштво настапи, чии хитови не се симнуваат од македонсите радиостаници, а спотовите имаат милионски прегледи.

Ако го препознавте од прва ова мало распеано девојче – секоја чест…

Погледнете го ова домашно видео од нејзините рани тинејџерски денови и слушнете како Антониа Гиговска во домашна атмосфера  ја пее евровизиската победничка песна „Молитва“ на Марија Шерифовиќ.

Фото и видео: YouTube & Instagram/antoniagigovskaa

To top