Висината, возраста, па дури и физичкиот изглед се едни од најчестите работи за кои многу луѓе не ја кажуваат вистината.
Апликациите за запознавање станаа многу популарни во последно време, особено поради „леснотијата на пристап“ за различни луѓе.
Објавете неколку фотографии од себе, накратко опишете ги вашите интереси, а потоа надевајте се дека ќе наидете на некој што е сличен на вас и што ве привлекува.
Сепак, како што обично е случај кога станува збор за Интернет, тука можат да се појават разни измами, а ова се некои од најчестите:
Висина и возраст
Се чини дека информациите за висината се многу важни во апликациите за запознавање. Многу мажи наведуваат колку се високи во своите описи, но постои голема веројатност дека некои од нив додале неколку сантиметри.
Подеднакво е вообичаено пониските мажи да прават сè што можат за да изгледаат повисоки на фотографиите или да го избегнат прашањето за нивната висина. Исто така, обрнете внимание на годината на раѓање на мажот, бидејќи некои луѓе може да ја „преправаат“ и таа за да ги зголемат своите шанси.
Физички изглед
И бидејќи несовршеностите често се кријат во онлајн светот, многу луѓе сакаат да изгледаат подобро отколку што навистина се. Затоа користат одреден агол за да го сокријат стомакот или можеби прикачуваат стари фотографии.
Интереси
Апликациите за запознавање нудат можност да ги означите вашите хобија и интереси. Одличната работа е што можете да означите дека сте заинтересирани за култура, филм, креативно пишување, волонтирање, но многумина означуваат цела низа работи.
Така излегува дека апсолутно сите се добро начитани и ангажирани луѓе, но тоа не е секогаш случај. Но, дали оваа личност навистина сака и прави сè што кажала, ќе откриете само кога ќе се вклучите во преписка, иако преписката предолго често не е најдобрата опција, бидејќи би можеле да добиете погрешна претстава за некого.
Неможност за средба или инсистирање на средба
Размислете двапати пред да се согласите или да поканите некого на состанок. Од друга страна, ако веќе неколку месеци наоѓа изговори зошто не може да ве запознае, ова може да биде многу чудно. Дали навистина ја кажува вистината и со кого всушност се допишувате? Од друга страна, другата крајност, во која мажот инсистира веднаш да ве запознае без да сака да открие ништо за себе, исто така не е безбедна. Ова е особено точно кога нема профилна слика (или е сомнителна). Треба да бидете внимателни и со оние кои веднаш ве обсипуваат со комплименти или нудат се и сешто. Истото важи и за сомнителни понуди за финансирање и така натаму.
Значи, станува збор за добра проценка, кој навистина го заслужува вашето време и можност.
извор:popara.mk
фото:Freepik







