Радио Милева слаткартка од домашната кујна

Сања Савеска им ги отвори апетитите и на најприбирливите: Сите тргнаа по примерот на водителката откако го видоа ова (видео)

Сања Савеска им ги отвори апетитите и на најприбирливите: Сите тргнаа по примерот на водителката откако го видоа ова (видео)

Водителката Сања Савеска имаме прилика секој ден да ја гледаме како домаќинка на популарното кулинарското шоу „Брза кујна“.

Сања е водителката на шоуто, а шефовите Бобан и Никола заедно со натпреварувачите подготвуваат разни специјалитети за само 20 минути.

Шефовите и во приватниот живот се мајстори за готвење, а Сања често им помага и знае да даде по некој предлог.

Но овој пат, на Инстаграм имавме прилика да ја видиме како таа готви, и тоа не за првпат, туку Сања веќе редовно почна да изненадува со слатки рецепти од домашната кујна.

Овој пат, ги засука ракавите и ги покажа своите кулинарски вештини во кујната подготвувајќи ја нејзината  кремаста чоколадна посна торта со урми.

Процесот на подготовка го сними во едно видео, а дополнително го напиша и рецептот за сите кај кои се разбудија апетитите, особено во време на пости, а богами ги имаше доста.

Талентирана статкарка, нема што!

фото:Instagram printscreen/ sanja_saveska/ @ganevikdavid

To top