Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ важеа за еден од најхармоничните парови на јавната сцена, а својата интимност секогаш ја чуваа за себе. Таа сега проговори за нивниот живот и навики, велејќи дека токму овие навидум мали моменти најмногу ѝ недостигаат.
– Прегратка. Дека повеќе не можам физички да го чувствувам. Обожававме да појадуваме заедно наутро, да пиеме кафе, да се гледаме кој какви обврски има. Ако имаше емисија, ми раскажуваше за снимањето, но секогаш беше со мене на телефон, покажувајќи ми каква е енергијата во „Ѕвездите на Гранд“. И кога денот ќе заврши, кога влегуваме во нашата соба навечер, собата е празна. Празна. Ми недостига сето тоа. Разговори со него – рече Сузана, плачејќи, во документарецот за животот на Саша и додаде:

– Не бевме само обичен брачен пар. Имавме многу заедничко бидејќи бевме во иста професија. Секогаш имаше теми за разговор, содржина, никогаш не беше здодевно. Ми недостига неговото: „Суле, ајде сега на ручек, ајде кај Шлива, ајде таму, ајде ваму“. Беше толку хиперактивен, како јас да сум постара, а тој помлад. Знаев како да го сопрам и да го прашам од каде има толку енергија. Ми недостига неговиот весел дух и таа енергија.
Foto: print screen/Instagram/grandproductionmusic






