Промотер

Луна повторно провоцира со наслов што интригира – „Супер ти е сам“ (ВИДЕО)

Луна повторно провоцира со  наслов што интригира – „Супер ти е сам“ (ВИДЕО)

Пејачката и авторка Луна има  уште еден музички адут! Нејзината најнова песна со интригантен наслов „Супер ти е сам“  е достапна на официјалниот YouTube канал, каде што премиерно беше објавена заедно со видеоспотот за истата.

Луна очигледно не отстапува од својот препознатлив авторски пристап, па и овојпат главниот збор во музичката приказна го има токму таа. Ги потпишува стиховите, а музиката ја создава во соработка со Лазар Цветковски – LCV, кој покрај коавторството бил задолжен и за битот, аранжманот, миксот и мастерингот.

Нивната креативна соработка продолжува да го обликува музичкиот идентитет на Луна, спојувајќи ги нејзините идеи со современиот продукциски печат на Цветковски.

Ниту визуелниот дел не е оставен на случајноста. Официјалниот визуелизер е дело на Томислав Живковиќ, кој ги потпишува режијата, монтажата, директорската фотографија и колор-грејдингот. На реализацијата учествувале и Ристе Петрушевски како асистент на камерата, екипата на „Univerzum Rent“ задолжена за осветлувањето, а снимањето се одвивало во студиото „ТАКАТ“.

Инаку, Луна во јули годинава го направи и значајниот чекор во својата кариера – го објави дебитантскиот студиски албум „Атлас“, составен од 15 песни, реализирани во соработка со Лазар Цветковски. Со него таа понуди поширок приказ на својот музички свет, авторскиот сензибилитет и подготвеноста да истражува нови звучни и визуелни правци.

Сега, со „Супер ти е сам“, Луна ја продолжува приказната од „Атлас“, но и повторно ја буди љубопитноста кај публиката уште со самиот наслов.

Песната засега може да се слушне на YouTube, а наскоро се очекува да пристигне и на стриминг-платформите.

Во продолжение слушнете ја новата песна и погледнете го видеоспотот на Луна за „Супер ти е сам“.

 

 

To top