Радио Милева баш им е гајле за се'

Снаата на Бекамови во екот на семејната драма се соблече топлес пред камера

Снаата на Бекамови во екот на семејната драма се соблече топлес пред камера

Провокативните фотографии пристигнуваат во време на семејната драма која го обележа семејството Бекамови, а Никола Пелц, изгледа, на тоа воопшто не обрнува внимание.

Сопругата на Бруклин Бекам, Никола Пелц, објави неколку провокативни фотографии пред 27-от роденден на Бруклин. Ова не е првпат таа да ја загрева атмосферата на социјалните мрежи, а овој пат жешките кадри пристигнуваат во екот на семејната драма.

И додека веќе сите се поделени– некои „тим Бруклин“, а некои „тим Викторија“ – бегалецот син, како што го нарекуваат медиумите во Велика Британија, ужива со својата сопруга и веќе не му е гајле за злите коментари.

Никола сега ја „зачини“ ситуацијата со топлес фотографија направена пред огледало. Младата милијардерка позирала во бели хулахопки и штикли, додека со рацете ги прекрила градите.

Според странските медиуми, споменатите објави се направени за време на снимањето на нејзиниот нов филм „Prime“, а за потребите на таа улога Никола се подложила на посебен режим. Таа ослабела толку што сега има помалку од 45 килограми и напорно вежбала балет.

Бруклин Бекам предизвика вистинска лавина со признанието дека со својата примарна фамилија ги прекинал сите односи, а потоа ја обвини и мајка си дека целиот живот се обидувала да го контролира, но и да го уништи бракот со Никола Пелц.

фото:Instagram printscreen/ nicolaannepeltzbeckham

To top