Роден е на 11 Октомври, Денот на македонското народно востание против фашизмот како Ѓорѓе Васиќ. Но, освен во документите за лична идентификација и во официјалната комуникација, веројатно никој не го знае под тоа име освен најблиските… А и тие сигурно многу повеќе го ословуваат по неговиот специфичен прекар, кој ќе му ја обележи кариерата и одбележи животот.

Можел да биде познат спортсит зашто најпрвин како дете влетал во спортот, бил мошне талентиран и надежен гимнастичар, дури и младински репрезентативец на некогапна СФР Југославија, но… Животот ќе го однесе во сосема друг правец.

По професија градеженик, по хоби музичар, пејач или најповеќе кантавтор. Член на некогаш многу позната и една од првите акустичарски групи во Македонија, групата „Макакус“, која кон крајот на 70-ите и почетокот на 80-ите ќе го достигне врвот на својата популарност.

Музицирајќи насекаде, дури и низ некогашна Југославија, но најмногу во тогашниот, а и сегашен расадник на млади, не само музички таленти и уметници, некогашниот „Дом на младите 25 Мај“, сегашен „Младински Културен Центар – МКЦ“ во Скопје.

По нејзиното распаѓање тој ја започнува својата солистичка кариера, настапувајќи на мноштво фестивали, манифестации, групни и поединечни свирки, соло настапи. Следуваат мноштво песни, кои стануваат повеќе или помалку познати, се’ до моментот додека не му се случи хитот, кој ќе прерасне во вечен евергрин, песната за сите времиња и генерации која ќе му ја одбележи кариерата и зацементира славата. „Брзата балада“ за потрагата по љубовта на еден од најголемите христијански празници, воскресението Христово, песната позната како „На Велигден“.
Во животот тој покрај музиката ќе се занимава и со примарната професија – градежник, па ќе замине на одреденмо време да работи во Хрватска. По враќањето ќе се опроба и во политиката, како портпарол или лице за односи за јавност во Министерството за образование и наука – МОН.

ТВ водителството и работата со децата ќе биде исто така негов следен професионален предизвик, каде ќе води детски емисии на МТВ и ТВ Телма.

Уредничко-новинарскиот занает ќе го искуси и како главен уредник во еден од првите македонски портали – „Без пардон“, во кој ќе има неславна епизода, но, не заради себе и новинарската екипа, туку заради „туѓиот грев“ и „патолошкиот профил на личноста“ на сопственикот на медиумот. Подоцна ќе отвори и самиот свој сопствен интернет портал кој се’ уште егзистира, насловен „Кукурику“.
Музиката никогаш не ја остава, но зад себе оставил мноштво композиции, стихови и една антологиска песна…

Добитник е на повеќе музички награди на најзначајните музички манифестации како „12 Величествени“, „Златна бубамара“, „Македонскиот радиски фестивал МАРС“…

Реализиран и како музичар и приватно како човек, среќно оженет, сопруг и горд татко чија ќерка ќе магистрира на престижните умниверзитет во далечната Јапонија, каде дипломата ниту на сон не се купува за пари!

За себе и своето детство, за необичниот прекар,за почетоците во музиката и музичката кариера низ годините, за акустичарската сцена и денешната технологија во музиката, за македонската естрада и култниот Дом на млади – денешен МКЦ, за разликата помеѓу неговата и овие новиве генерации…

За „На Велигден“ и нејзините подоцнежни и поинакви верзии, за фестивалите, политиката, ТВ водителството и новинарството, за гордоста на семејството… И за уште сто и една работа за која малку или воопшто не се знае, од прва рака како поткаст гостин во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски, ќе зборува, кажува и раскажува македонскиот кантавтор Џина Папас Џокси.
Премиерата можете да ја гледате вечерва, среда, 4-ти март со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (
Фото: Фејсбук/Gjorgje Vasikj (Geena Pappas Joxy I)






