Радио Милева кога помалку е повеќе

Од почеток до крај: Лила без и со шминка – еве како тоа изгледа

Од почеток до крај: Лила без и со шминка – еве како тоа изгледа

Кога ќе се каже Лила, нема потреба да се дополнува со: која Лила? Таа е неприкосновена во својата работа, а неколку години наназад популарноста ја искористи и за инфлуенсерство во кое повторно е на врвот кај нас.

Сме ја виделе во разни изданија и како да не постои такво во кое не била, но исклучоци секако има.

Едно од тие е,  што ретко ја гледаме без шминка бидејќи секогаш е скоцкана од глава до пети и ништо не е оставено на случајност, особено затоа што таа е телевизиски лик каде шминката е задолжителна пред камера.

Кога сме кај изгледот и инфлуенсерството, Лила често препорачува, рекламира и употребува разни третмани и козметика за нега, подмладување, одржување на кожата.

Ефектот од тоа Лила реши да го покаже во едно свое поново „стори“ на Инстаграм каде е во својата гардероба во ТВ Сител каде процесот на аплицрање шминка го објави од почеток до крај, односно без и со шминка.

Мазна и негувана кожа, изеданачен тен , а во преден план полните усни кои ги напрчи за подобар ефект во недостиг на шминката.

Веруваме дека резултатот по објавите без шминка е постигнат, па повеќето од следбеничките на Лила ќе бараат дополнителен совет кога е негата за лице во прашање.

Шминката секако дека е оправдана, дава посебен сјај и украс на целосната визуелна слика, но не по секоја цена, на секое место и време, а најмногу интензитет кој не е нималку пријатен за око.

Во случајот, резултатот покажува дека помалку значи повеќе.

фото: Instagram printscrreen/ lilafilipovska

To top