Синот на српската фолк-пејачка, Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ(46), беше претепан во квартот Врачар пред неколку дена, а во таа прилика се здоби со скршени ребра и други тешки повреди, за кои сè уште е во болница.
Имено, Марко доживеал неколкучасовна тортура во станот на својот познаник, каде што бил злоставуван од двајца мажи З. И. и Л. С., како и малолетно девојче Н.О., кое исто така билa уапсенa.
Синот на Снежана потоа беше хоспитализиран, и како што објавува „Блиц“, тој сè уште е во болница, но неговата состојба сега е стабилна.

Откако Гвозденовиќ беше брутално претепан, Ѓуришиќ се огласи многу потресена.
– Само мајка може да одговори на тоа прашање. Тоа е мојот син, што и да е, тој е мој син. Многу сум тажна и разочарана што ова мораше да му се случи. Сега е добро, сè друго го прават обвинителството и Министерството за внатрешни работи. Отсекогаш сум била против насилството, никој нема право да загрозува никого тепајќи го – рече Снежана.
@blictvofficialSnežana Đurišić iskreno o incidentu koji se dogodio… SCENA svakog radnog dana od 18:50 na BLIC TV
Foto: print screen/tiktok







