Мегафон поткаст гостин

Игор Џамбазов во „Ништо лично“

Игор Џамбазов во „Ништо лично“

Тој важи за најпознатиот мултимедијалец во Македонија, аможеби и пошироко. Актер, водител, музичар, пејач, писател, инфлуенсер… Во сите овие професии или хобија подеднакво добар, во повеќето меѓу елитата на самиот врв.

Како внук на еден од бардовите на македонското глумиште и син на актерка, природно глумата уште од мали нозе же му стане достапна одблизу, за подцна да му прерасне во професија. Професијата на татко му пак, познат македонски композитор, ќе му јуа приближи музиката, која во подоцнежните години  ќе му стане хоби, но и дополнителна, а можеби и главна егзистенција.

Одреден број години ќе биде дел од Драмски театар -Скопје, за подоцна да се префрли и сатане дел од ансамблот нас МНТ, каде и денес игра претстави. А играл во мноштво познати дела и изведби на сцената на обете театарски куќи. Од мали нозе уште како дете ќе ја почувствува и ммагијата на филмот („Македонскиот декл од пеколот“), како и на ТВ сериите („Волшебното самарче“), каде ќе има забележителна улога.

Подоцна ќе оствари уште мноштво улоги ТВ улоги, од дрварчето Трајче, до Миле Бузалковски во „Преспав“.

Во посттинејџерските години ќе стане еден од најпознатите урбани скопски ликови, кој со полни гради ќе го воспрема „ноќниот живот“ во македонската престолнина, и не само во Скопје. од првите скопски клупчиња и кафулиња, до најпознатите дискотеки. Тогаш одновбо ќе ја открие музиката во себе, правејќи ја урбаната скопска група „хавана“, заедно со Зеко и Пиже – двата урбани скопски лика кои го менаџираат ноќниот живот тие години во Скопје.

Но тогаш некако за прв пат и же се „вљуби“ во пороците како алкохолот и коцката, кои за малку ќе му дојдат до главата, но за среќа како што самиот вели не во „5 до 12“, туку во „12 и 10“, сепак, со нив ќе расчисти… засекогаш.

Покрај актерските улоги и музиката и ТВ водителството ќе му донесе огромна популарност, особено игите на срежа како „Супербинго“ и наградното „гејм-квиз“ шоу, „Џандар збира“. Енормно заработува од нив, но и енормно троши.

Прави прв и последен обид да влезе во политиката, мислејќи дека нешто ќе може да промени во општеството, но за малку не успева да го мине првиот круг, по што ќе сфати дека е „таа игра е премногу валкана“ и не е за него!

Средбата со „Банкрот блуз бенд“ и особено гитаристот Гуру Харе ќе му ги отвори вратите на блузот, во кој музички ќе се вљуби и почне да го практикува како автор и изведувач, во сопствена верзија и на свој начин.

Добитник е низа награди од областа на театарот, филмските ТВ улоги и музиката.

Животот ќе му го одбележат три големи љубови… Една во младоста – Тања, на која ќе и ја посвети песната „Шал“ напишана за „Нокаут“, сопругата од единствениот брак – Искра во зрелите години и последната љубов однеодамна – планинарката Илина.

Се’ што му се случувало во животот и приватно и професионално, најинтересните и највозбудливи моменти, наголемите радости и најстрашните кризи, миговите на најголема слава и најдолно дно, најголемите љубовни радости и разочарувања, како и најубавите напишани стихови… и уште многу тоа ќе ги опише во своите автобиографски книги:

  • Тоа сум јас
  • Гол човек
  • Прирачник за Анти Антиалкохоличари  
  • Приказни од Мјаукедонија
  • Облечен човек
  • Умрен Човек
  • Улица Диши длабоко

Скопје ќе го напушти и ќе се пресели најпрвин кусо во Маврово, а потоа во Дојран, каде со својата сестра Тања ќе  изгради семејна куќа во која тој и неговата кучка Ферхунде живеат и денес, а во македонската престолнина доаѓа само службено по потреба.

Не кисне на Инстаграм,  не ни живее од него иако има енормна бројка на следбеници на оваа социјална мрежа на која најчесто објавува обични нешта од секојдневието, па шеговите умее да каже дека е меѓу нјавлијателните машки инфлуенсер(к)и!

За сето ова, но и за дузина работи што за прв пат ги открива во јавноста или барем ги раскажува нивните најситни детали, во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски, за поткаст гостин доаѓа македонскиот мултимедијалец и шоумен Игор Џамбазов.

 

Премиерата можете да ја гледате вечерва, среда,  25-ти февруари со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

Фото; Инстаграм/igordzambazov

To top