По бурниот развод од Харис Џиновиќ, модната дизајнерка Мелина Џиновиќ сè уште е во центарот на вниманието на јавноста.
Иако во последните месеци се шпекулираше дека е подготвена повторно да се омажи, според локалните медиуми, сè уште нема информации за свадба.
Според извори блиски до дизајнерката, Мелина по разводот успеа вешто да го скрие својот емотивен живот од очите на јавноста. За разлика од периодот кога често се појавуваше со Харис на јавни настани и црвени теписи, сега внимателно избира кога и каде ќе се појави, но и со кого.

Се вели дека е во врска со успешен бизнисмен од Англија кој не е дел од јавната сцена, па затоа многу малку се знае за него.
– Нема ништо од свадбата. Нема да има свадба ниту голема прослава. Вистина е дека Мелина има сериозен партнер и дека е среќна со него. Тој ѝ обезбедува стабилност, сигурност и луксуз на кој е навикната. Благодарение на него, таа живее без грижи, патува и ужива, но тоа не значи дека планира брак – наведува изворот.
Шпекулациите за наводната свадба, според истите тврдења, потекнуваат токму од нејзиниот круг на пријатели.
фото: printscreen/instagram/unatelevizija/facebook






