Поранешниот пејач Адријан Гаџа и сегашен угостител на познат скопски ресторан, деновиве собира честитки на социјалните мрежи.
Неодамна го прослави 42-от роденден, а сега пред очите на јавноста покажа дека во неговиот живот се случува нешто големо.
Името, Гаџа ја покажа партнерката со која од фотографиите може да се забележи дека е во блажена состојба, па за неколку месеци веќе ќе бидат во проширен состав како тричлено семејство.

Иако фотографиите не ги дополни со некое појаснување, а не го открива ниту идентитетот на стојната русокоса избраничка, честитките по некое непишано правило од случајов, почнаа да се редат до недоглед.

Инаку, Гаџа го паметиме како дел од триото кое во 2008 година ја претставуваше Македонија на изборот за песна на Евровизија, заедно со Тамара Тодевска и Врчак кога настапија со песната „Во име на љубовта“.
А исто така јавноста ја памети и неговата врска со екс-мисицата и ТВ водителка Сања Николиќ.
фото:Facebook/ Adrijan Gaxha





