Радио Милева горда

Прослава во домот на Едина Муса – Кошаркарката и фитнес тренер објави убава вест

Прослава во домот на Едина Муса –  Кошаркарката и фитнес тренер објави убава вест

Денес, 19 февруари, екс-кошаркарската двојка и брачни сопружници Едина Муса и Александар Димитровски „Мачка“ го прославуваат за нив најубавиот  ден – првиот роденден на нивното заедничко дете, Максим.

Пред една година, токму на овој датум, станаа родители, а сега слават со полна радост. Мама Едина, сега фитнес тренерка, брзо се врати во форма по породувањето. До самиот крај беше активна на Инстаграм, ветувајќи дека ќе прави тренинзи како порано – и тоа го докажа.

За овој специјален ден, таа подготви совршено изненадување, преубави подароци, море шарени балони и многу љубов.

Сè беше спремно за да го прослават малиот јубилеј, откако го почекале да стане и да почне забавата.

Семејството денес е преполно со среќа, а Едина повторно покажа дека е инспирација за сите мајки.

За Александар Мачка ова е трето дете, од бракот со поп-ѕвездата Тамара Тодевска ги има ќерката Хана и синот Дарен, а за Едина-прво.

Честитки за првиот роденден!

Foto: printscreen/instgaram/edinamusa

To top