Пејачката Едита Арадиновиќ ужива во своите труднички денови, но тоа не ја спречува да остане активна и посветена на своите работни обврски.
Иако е во посебен период од својот живот, Едита не го намалува темпото, туку продолжува да работи и да настапува пред публиката паралелно со подготовките за доаѓањето на бебето.

Таа ги изненади своите следбеници на Инстаграм со нови фотографии на кои го промени својот личен опис.

Арадиновиќ се претстави во сосема поинакво издание – како русокоса со екстремно тенки веѓи, што веднаш предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Сепак, детаљот што најмногу го привлече вниманието на сите беше нејзиното трудничко стомаче, кое веќе е јасно видливо на фотографиите.

Пејачката неодамна за прв пат јавно проговори за разделбата од партнерот Ненад Стевиќ, со кого очекува дете. По многу шпекулации, таа јасно стави до знаење дека сака да ја зачува својата приватност, но и достоинството на нејзиното идно семејство.
printscreen instagram/editaaradinovic






