Радио Милева за уши и очи

Тарабунов се соблече гол, сигурен дека има што да покаже…

Тарабунов се соблече гол, сигурен дека има што да покаже…

Александар Тарабунов неодамна објави нова песна и спот, нова емоција насловена „Француски вагони“.

Песна која Тара целосно ја потпишува за текст, музика и аранжман.

Дали „Француски вагони“ е неговиот најзрел авторски момент досега,  сега е вистински момент од периодот за истото да се види и покаже…

Но она што сега и веднаш Тара реши да покаже е и во каква топ форма стигнал да се наштима- физички секако.

Бидејќи музички остави добро да слушаме и отвориме уши, а она пак што е за очи…

За таа цел, познатиот македонски пејач и кантавтор се соблече гол, односно се разголи по куси панталончиња  и застана пред огледало за најубаво да се види јасната дефиниција од истакнатите мускули за кои богами вредно работи.

Посветен насекаде на она каде што тој е личен репрезент, па за да биде целосно ефектот како што треба по напорното вежбање,  следи и здрав протеински оброк кој Тара и тоа како многу добро знае како да го избере, па и да го направи.

Секоја чест и наздравје!

фото: Instagram printscreen/aleksandartarabunov

To top