Пејачката Катарина Живковиќ одлучи да направи кратка пауза од работата и отпатува во Дубаи со својот син Стефан, од каде објави фотографии од луксузната дестинација.

Катарина Живковиќ, која неодамна откри низ каква агонија поминала по породувањето, моментално престојува во Дубаи, каде што ужива во заслужен одмор, но она што особено го привлече вниманието на нејзините следбеници е емотивната сцена со нејзиниот син Стефан.

На фотографија што ја сподели на социјалните мрежи, Катарина го држи синот во скут додека малиот безгрижно ужива во овошјето. На масата пред нив има богат избор на егзотична храна, па е јасно дека пејачката одмара во целосен луксуз.

За да го заштити Стефан од силното сонце, Катарина му ставила шапка, а оброкот полн со витамини покажува колку многу се грижи за неговата исхрана и здравје.
Обожавателите не го криеја своето воодушевување од оваа сцена, а коментарите полни со поддршка и добри желби продолжуваа да пристигнуваат.
foto: printscreen instagram/katarina_zivkovic_official






