За многумина, фотографиите од бел песок и море во нијанси на тиркизна боја се синоним за идеално летно бегство, односно зимско во случајот на пејачката Каролина Гочева и сопругот Михаил Корубин.
Керол и Михо направија бегство од зимската македонска реалност и заминаа на егзотичните и космополитски Сејшели.

Обично ваквите сцени ги поврзуваме со далечни дестинации кои најчесто остануваат сон поради долгите летови, а и високите цени. Сепак, слично чувство на луксуз и изолација секако може да биде остварливо, магично, волшебно… за кого како..

Такви глетки како од бајка или некоја филмска авантура, сопружниците објавија на Инстаграм, доловувајќи како изгледа ова далечно патување на кое се препуштија преиодов.

Инаку, Каролина и Михаил во месец ноември беа во Токио, Јапонија каде мината 2025-та ја завршија со едно неповторнливо патување за паметење.
фото:Instagram printscreen/karolinagocheva/mihail_korubin





