Познатиот ТВ водител на телевизија Пинк и неговото шоу „Амиџи“, Огњен Амиџиќ и неговата новопечена сопруга и тазе мајка на нивното прво дете, Мина Наумовиќ, живеат среќни денови.
Имено, гордиот татко вчера ги зема мајката и бебто од породолиижтето и заминаа дома во проширен состав. Не требаше да помине многу времез за мама Мина да го покаже малиот Перун, додуша делумно со покриено лице од стикер во вид на срце, но доволно за бебето Перун да им остави спечаток на следбениците.
– Коса за поаѓање во прво одделение, најјак стајлинг и опрема. Нова димензија во распоредот во животот. Ви благодарам на сите за убавите желби – напишала Мина.
Инаку, Огњен во приватната клиника каде што неговата избраничка се породи вчера пристигнал видно насмеан и расположен.
Огњен откри и како го избрале името за бебето.
– Долго размислував за тоа име. Кога и го предложив на Мина, и се допадна. Сакав да најдам име кое е во нашата традиција, кое е специфично. Има добра симболика. Не сум слушнал некој по име Перун – кажа водителот.
фото:Instagram printscreen/callmenaumi