Кошарката отсекогаш била дел од животот на Едина Муса,и тоа како што самата вели, буквално во сите етапи од животот. Од мало шестгодишно девојче, преку тинејџерка и професионална кошаркарка, до репрезентативка и денес кошаркарски тренер.
Само една желба и останала неостварена, а тоа е да застане повторно на терен и да игра тоа што најмногу го сака, а во публиката да биде нејзиниот наследник. Оваа година конечно ќе си ја исполни и таа желба, зашто тоа си го должи себеси.

Откако се омажи за сега екс- сопругот на пејачката Тамара Тодевска, Александар Димитровски – Мачка, а му роди и дете, Едина,сегашен фитнес и кошаркатски тренер, а по ново и инфлуенсерка, стана се’ поактуелна во медиумите.
Синчето Максим кое сега е целиот нејзин фокус во секојдневието, веќе редовно почна да и биде придружба на мама и кога работи, зашто таа не го остава подалеку од себе, па паркетот и работата никогаш не и биле поубави.

-Си родив другарче за на утакмици. Си ужива и он, како да разбира кошарка, пишува таа за една од поновите фотографии.
Максим пркна, па веќе играта со баскет од мали нозе ќе почне да му станува интересна, а има и од каго да учи и стекнува и гради спортски дух и љубов кон спортот, како од мама, така и од тато чија взаемна љубов кон кошарката несомнено ги поврзува.
фото:Instagram printscreen/edina_musa






