Мегафон двоен повод

Христијан Мицкоски во црква со семејството: Неговиот помал син слави именден – премиерот со порака до своите деца

Христијан Мицкоски во црква со семејството: Неговиот помал син слави именден – премиерот со порака до своите деца

Премиерот Христијан Мицкоски со своето семејство денес го прославува и именденот и роденденот на неговиот помал син Антониј.

Членовите на семејството Мицкоски денес, (петок, 30 јануари 2026) беа во црква каде запалија свеќи за здравје, а донесоа и погача, како што налага обичајот.

„Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики. Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија. Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

Тој додаде: „Бог да ја благослови Македонија“!

To top