Радио Милева мотивациски говорник со мистерија...

Марија Луиса со исповед на паталец со лично искуство: „Не наводнувај пластично цвеќе, никогаш нема да процвета“ (ВИДЕО)

Марија Луиса со исповед на паталец со лично искуство: „Не наводнувај пластично цвеќе, никогаш нема да процвета“ (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска вои последнио време нешто ја многу ја нема по социјалните мрежи. Освен маркетиншките најави на нејзините нмастапи, чешитата битолчанка со скопска адреса некако се’ поретко споделува некое од своите довитливи видеа или фотографии. На нејзините следбеници, а Бога ми и на медиумите почнаа да им недостасуваат нејзините навидум „евтини приказни“ кои всушност во својата заднина најчесто кријат чиста вистина. Понекогаш смешна, понекогаш тажна, во секој случај, онака како што пејачката знае да ја сподели, секогаш мошне занимлива.

А Марија како Марија, секогаш знае да испровоцира и заинтригира, само што овој пат тоа го направила на малку необичен начин, на каков што не сме навикнале од неа. Со исповед  на паталец со лично искуство… И приказна налик на мотивациски говорник со порака која има поента која другите ќе ги мотивира, да не го прават истото тоа:  „Не наводнувај пластично цвеќе, никогаш нема да процвета“! Така тврди Марија!

А приказната куса и едноставна, а Бога ми и практична… „Не вложувајте во погрешни луѓе, колку на прв поглед и да ви изгледаат фасцинантно, да знаат да ве воодушеват, опчинат… Сепак, проникнете во нивната суштина, зашто зад блескавото пакување најчесто се крие фејк содржина. А кога тоа ќе го осознаете, не губете повеќе време… Пластичното цвеќе останува пластично…  Колку и да се трудите да го негувате и наводнувате, колку и да се надевате и посакувате, тоа сепак никогаш нема да процвета.

Вака отприлика некако би се свела поентата на видеоприказната на Марија Луиса Тодоровска. Единствено останува мистерија на кого таа се однесува? На кого тоа конкретно мислела пејачката кога ја раскажува? Кој тоа толку многу ја разочарал, во кого тоа бескрајно верувала и вложувала, иако знаела дека… „пластичното е пластично“… И никогаш нема да процвета?!

Дали е во прашање некаква голема скриена љубов со погрешен човек или пријателство со верна другарка, која всушност и не била тоа?

Освен оној од пред многу години од филмчето што ја направи славна, досега друг љубовник во животот на пејачката не видовме, не барем некој за сериозна врска и не јавно. А и верната и другарка Тамара некако како да исчезна од животот на Марија Луиса? Барем од оној на социјалните мрежи?!

За крај, уште една забелешка која на Марија Луиса и е сигурно добро позната, ама ете кога сме веќе кај природното и пластичното цвеќе… Сигурно се сеќавате на нејзината „пластична играчка за возрасни“ која пејачката си ја крсти Тоше, а неодамна во едно интервју изјави дека останала забаталена во некое ќоше…

После сето кажано се наметнува прашањето дали пејачката како и со цвеќето, сфатила дека сепак „природно си е природно“? А цвеќето – вака или така, сепак најдобро е она „што расте во рака“!

А, кој ја „инспирирал“ за видеоприказнава, си знае само Марија!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

 

To top