Радио Милева спомените во канта?!

Со пријателот во Барселона, со децата на Копаоник: Тамара со сите успева секаде да стаса, само од Лука ни трага ни глас

Со пријателот во Барселона, со децата на Копаоник: Тамара со сите успева секаде да стаса, само од Лука ни трага ни глас

Од љубовната бајка на Тамара Тодевска и архитектот Лука Радовиќ не остана ништо- барем така најавуаат и покажуваат социјалните мрежи.

Пејачката и архитектот и дизајнер на ентериери,  до скоро беа неразделен пар, како две вљубени гулапчиња што постојано се заедно и леткаат еден покрај друг.

Арно ама во нивната врска која цутеше како пролет, навидум како да настапи зима, па како птици преселници заминаа онаму каде секому одговара.

Се’ ова навидум вака изгледа на социјалните мрежи, па ако се водиме по тоа дека беа едни од најтранспарентните парови кога е покажување на љубовта во прашање, ова одненадеж се смени.

Дека нешто „не мириса“ како што треба, беше старот на 2026-та кога Тамара замина на патување во Барселона со пријателот Зоки Бејбе.

По Барселона, сега таа е на зимување со децата на Копаоник, а оттаму дополнително ја зачини и дополни претпоставката дека на романската со Лука можеби и дошол крајот кога напиша дека е „сингл“ мајка што е пред нови состаноци… а децата на тоа вешто вршат надзор.

Љубовните искри како да згаснале, а од љубовниот оган како да останал само пепел, зашто Тамара и Лука веќе не се ниту пријатели на Инстаграм, ниту се следбеници еден со друг, а останале само неколку заеднички фотографии, зашто голем дел од спомените заминале во канта – онаа виртуелната.

Евидентно беше дека уживаа да ја покажуваат љубовта, а дали она што беше така силно меѓу нив, исто толку вешто тргнаа да го избришат и остават во минатото, најдобро знаат самите до каде и како стојат нештата.

Ние само ги воочуваме промените…

Инаку, Лука во јавноста го запознавме преку Тамара, која пред четири години се разведе од екс- кошаркарот Александар Димитровски- Мачка со кого беше во брак седум години, а од истиот ги имаат наследниците Хана и Дарен.

Врската со Лука трае(ше) две ипол години.

Ако во меѓувреме нешто се смени и врати на старо, сигурно нема да остане незабележано.

фото:Instagram printscreen/tamara todevska

To top