Поранешниот басист на германскиот рок бенд Scorpions, Франсис Бухолц, почина на 71-годишна возраст, објави неговото семејство во петокот.
Портпаролот на бендот, Петер Ланц, ја добил веста за смртта на басистот од неговата ќерка.
Светски познатиот бенд од северниот германски град Хановер се разидо со Бухолц во 1992 година поради низа несогласувања.
Последниот албум на кој работеше беше „Crazy World“ од 1990-ти, кој се смета за еден од нивните најуспешни.

Албумот го вклучува и нивниот најголем хит „Wind of Change“, неофицијалната химна за уривањето на Берлинскиот ѕуд што се смета за крајот на идолошката блоковска Студената војна.

Поранешниот басист почина од рак во четвртокот, соопшти неговото семејство во објава на Facebook, додавајќи дека тој „го напушти овој свет мирно и опкружен со љубов“.
„Нашите срца се скршени. Во текот на неговата битка со ракот, ние стоевме покрај него, соочувајќи се со секој предизвик како семејство – исто како што тој нè научи“.

Scorpions се збогуваа на својата страница на Instagram со својот поранешен колега како „долгогодишен пријател“.
„Неговото наследство во бендот ќе живее засекогаш и секогаш ќе го паметиме по многуте убави моменти што ги споделивме“, се вели во објавата.
Фото: Official SCORPIONS Facebook







