Злата Петровиќ верува дека доволно работела во својот живот и дека не ѝ требаат кули и вили за да ужива во плодовите на својот труд.
Таа изјави дека би сакала да ја помине староста во мал стан, делумно поради мирот, а делумно затоа што ќе има помалку работа за средување.

– Работев 300 на час и решив да го поминам остатокот од животот во мал стан, да чистам и перам што е можно помалку – изјави пејачката во „Цеца Шоу“.

Цеца Ражнатовиќ потврди дека Злата многу се грижи за хигиената во својот дом.
– Таа е толку чиста, толку педантна што е неверојатно. Сè прави сама, нема никаква помош или поткрепа. Во нејзината куќа, слободно можете да ставите парче леб, парче месо на тепихот и да го изедете – рече фолкерката, што за некого тоа е премногу.

фото: print screen/Instagram/zlatapetrovic_fan






