Пејачката Наташа Беквалац ја напушти Србија и замина на Тајланд со својата ќерка Катја, сестрата Кристина и внукот.
Таа го документираше своето патување преку фотографии на кои се гледаат сместувањето и плажите на оваа егзотична локација.

Наташа дефинитивно ужива во својот одмор, а тоа го потврдуваат фотографиите што Кристина ги објави на Инстаграм.

Според објавите, Наташа си игра на плажа со децата, а Кристина потоа покажа дека го посетиле и аквариумот.
Малку подоцна, тие заминале да ги посетат и слоновите.

– Време е да се поврземе со семејството и животните – напиша Кристина во описот.
Foto: print screen/Instagram/bekvalceva






