Александар Тарабунов на големиот христијански празник Богојавление – Водици се појави со нова песна визуелизирана со видеозапис и необичен наслов: „Француску вагони“.

Во „Француски вагони“, Тара ја изразува динамиката на животот при што вистинската порака симболично се открива на самиот крај на песната. Тој е комплетен автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, кои целосно ги реализира самиот.
Преку мотивот на француските вагони од минатото – време на бонтон и луксуз – се прикажува контрастот меѓу надворешниот сјај и скриените задкулисни игри, кои можат да донесат немир и внатрешни превирања.

На овој голем христијански празник, Богојавление (Водици), песната носи порака луѓето помалку да се фокусираат на материјалното, а повеќе да го слушаат срцето, да останат природни и вистински, да љубат искрено и да бидат човечни.

„Француски вагони“ е песна со силна емоција, современ звук и длабока симболика, проследена со визуелно впечатлив музички спот снимен во срцето на македонската престолнина Скопје, чија реализација ја потпишува Владислав Гавриловски.

Во видепото на Тара партнерка му е македонскиот моделл и манекенка Тамара Трајковска од модната агенција „Макс моделс“.

Како звучи и изгледа „музичкото возење по нотите на животот“ во неговите „Француски вагони“, проследете од видеото на Тара во продолжение.








