Пред четири години во месец јануари, поточно на ден Василица, ТВ водителката Милена Антовска-Станковска стана мајка по вторпат, побогата и дарена од Бога со уште еден ангел, ќеркичката Јоана.
Втората најголема љубов, малата, а сега веќе порасната Јоана беше роденденка, а на славеничката торта покрај декоративните украси од сладоледи, крофни и бонбони, стоеше и бројот четири.

Малата славеничка послатка и од самата торта, насмеана и неодолива, налик слика и прилика на мама Милена.
По повод овој голем ден, Милена и нејзниот сопруг Гордан организираа роденденска прослава за нивната наследничка, а забавата продолжи во низа откако Милена еден ден претходно го славеше и својот роденден.

-Среќен роденден љубов наша – стои во описот на неодоливите фотографии.
Децата брзо растат, а животот со нив добива сосема поинаква смисла. Родителот секогаш е тука за нив, независно дали се малечки или веќе самостојни индивидуи, убавото на душа за нив секогаш стои во истата мера.
Среќен роденден Јоана и уште поголема да пораснеш!
фото:Instagram printscreen/milena_antovska







