Радио Милева полно емоции

„Бељаџика на мама“ – Ирина Дишо и Павле Камилоски го слават првиот роденден на ќерката Лена

„Бељаџика на мама“ – Ирина Дишо и Павле Камилоски го слават првиот роденден на ќерката Лена

Денес е волшебен ден за планинарката Ирина Дишовска Камилоска и пејачот Павле Камилоски – лани на истиот овој датум, во очи на Василица, нивниот живот доби сосема нова смисла.

Ирина се породи на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, па по синчето Јосиф, на свет дојде прекрасната ќеркичка Лена, која денес слави прв роденден.

По тој прекрасен повод, Ирина сподели емотивно видео на Инстаграм  од интересните моменти кои ги уловила, придружено со порака што ги допре и ги освои сите следбеници:

– Девојчице моја мала. Не знаев колку сум спремна да бидам мајка на женско дете, сѐ до оној момент кога Господ ми те даде тебе.
Толку мала, а голема. Упорна, борец мој. Бељаџика на мама. Куклица моја малечка. Леночка моја. Среќен прв роденден мајкино, те сакаме до небото – напиша Ирина, а можете да го погледнете на нејзиниот профил.

Во меѓувреме пристигаа многубројните честитки до среќните родители, преку мобилните,  социјалните мрежи, но и во живо, од пријателите.

– Среќен роденден Лена. Една годинка, а толку многу лубов околу тебе – и напиша познатата водителка Елена Најдовски.

Среќен прв роденден, Леночка!

Foto: printscreen/instagram/irinadisho

To top