Радио Милева не штеди

Модната креација на Прија ја носеле и други светски ѕвезди: Српската пејачка не е единствената што се заљубила во овој фустан

Модната креација на Прија ја носеле и други светски ѕвезди: Српската пејачка не е единствената што се заљубила во овој фустан

Александра Пријовиќ се појави на својот новогодишен настап во многу тесен и впечатлив фустан, кој го привлече вниманието на сите присутни.

Оваа модна креација јасно ја истакна фигурата на Александра, а многумина се прашуваа кој бренд стои зад овој фустан.

Станува збор за фустан од познатиот моден бренд Schiaparelli, чија цена е дури 7.200 евра.

Доказ дека Прија не била единствената што се заљубила во овој фустан е фактот што го носеле и светски познати дами, како што се моделот Жизел Бундшен и раперката Карди Б. Многумина коментирале за модната изјава на Карди, верувајќи дека големиот задник на раперката не ѝ одговара, за кој мислеле дека повторно го зголемила.

Александра Пријовиќ на својот настап во Загреб носеше фустан од престижниот француски моден бренд и уште еднаш покажа дека кога е во прашање модата, не штеди.

Таа се појави во Загреб во впечатлив црно-бел фустан од „Скијапарели“, за кој плати солидна сума. Елегантната, но смела креација со животински принт и длабок шлиц го привлече вниманието и на нејзината публика и на модните критичари.

фото: printscreen/instgaram/tiktok /prijovicnation

To top