Радио Милева (по)следни муабети

Ден пред Нова година, Миа Костова „се отвори“ за последни разговори со своите Инстаграм следбеници: Дали највлијателната „инфлуенс невеста“ ќе ја гледаме во сопствена куќа и ново Порше во 2026-та?

Ден пред Нова година, Миа Костова „се отвори“ за последни разговори со своите Инстаграм следбеници: Дали највлијателната „инфлуенс невеста“ ќе ја гледаме во сопствена куќа и ново Порше во 2026-та?

Новата 2026-та година пристигна… За едни еуфоријата заврши, други расположението до душа се’ уште ги држи, трети по навика си ги споиле двата празника, па мирно уживаат од последната среда во 2025 до првата во 2026-та… Од Нова година до Божиќ, секој во свој стил, кој како си ја наредил.

Крајот на годината и почетокот на новата е обично и период за рекапитулација. Меѓу сите останати и некои од познатите фаци уште пред Нова година решија „јавно да се исповедаат“ за изминатата, а и за тоа каква сакаат да им биде оваа, новава.

Меѓу сите ѕвезди и таа – најпознатата и највлијателна македонска инфклуенсерка, Миа Костова, која во врска со 2025-та си кажа што си кажа на своите приказни, па ги покани своите следбеници ако имаат нешто да ја прашаат, пред сите да заминеме да славиме.

Од сите пртпоставени и вообичаени прашања најмногу се издвоија овие три.

Логично, прво што ја прашаа инфлуенсерката беше што и ја обележа 2025-та? Фотографиите што цела година ги споделува, самите зборуваат и одговорот го кажуваат.

Следното беше за моментот… Оној на кој Миа била посебно горда во изминатата 2025-та? Одговорот за многумина изненадувачки, за љубоморните и завидливите шокантен, за поблиските и подалечни пријатели, возбудливо радосен… А, за сите заедно, Миа Костова имаше само еден универзален одговор: „Се’ што ќе ми помислите, дупло да ви се враќа“! Па, сега нека му ја мислат и пријателите и особено непријателите!

Она што евидентно од нас неутралните може да се заклучи е дека Миа Костова си обезбедила плац на убава локација. Навидум е нива, ама познавајќи ја не е тип што ќе сади и одгледува  градинарско-овоштарски растенија. Затоа, галиба ќе да е плац за изградба на своја куќа, свој сопствен дом со убав двор. За да не биде повеќе потстанар… Кирајџика која не може да ги бира сосед(тк)ите, па мора да ги трпи сите нивни хирови! Вака, сама свој паша-свој(а) газда(рица), се разбира во пакет со Тијана и синчето Андрија!

Дека нашите претпоставки не се далеку од вистината, покажа и третото од најважните издвоени прашања. Или ова беше повеќе желба, ама сеедно… Важно е да е погодено!

Имено, дали од една случајна фотографија, дали нешто наслушнала, една веројатно нејзе блиска особа и посака на Миа Костова нов автомобил. И тоа не било кој, туку токму како оној од рекламната фотографиаја. Што би рекле, да ти е Порше…! Оти ќе ја личи!

Патем и напомена дека ваквиот убавец на 4 тркала не се чува пред зграда, туку во двор.

А, Миа само потврди дека и на овој случај во новата 2026-та ќе поработи. Што во превод значи дека дворот е веќе „сработен“. Како потврда од нејзина уста кажана, дека Миа Костова во 2026-та конечно ќе се пресели во своја куќа, со што стамбено ќе си ја реши иднината. Каде и кога? Полека народе, долга е годината!

Фото и видео: Инстаграм/miandrija

To top