Џорџина Родригез го придружуваше Кристијано Роналдо на доделувањето на наградите „Глоуб Сокер“ во Дубаи, а за таа пригода носеше тесен, светкав црн фустан.
Церемонијата се одржа во хотелот „Атлантис Ројал“ во Дубаи, а Џорџина беше во фокусот пред својот славен партнер кој наскоро ќе и стане сопруг.

Она што привлече особено внимание беа видно истакнатите облини на свршеницата на Роналдо во припиениот свечен фустан.

Изгледот го потполни со часовник направен од 18-каратно бело злато, украсен со дијаманти. Се проценува дека часовникот вреди повеќе од 80.000 долари.

Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар играч во Саудиска Арабија, а Џорџина сподели серија фотографии на кои позира со него и неговиот син Кристијано Џуниор.
фото:instagram printscreen/georginagio







