Пејачката Милица Тодоровиќ е во поодмината бременост, а во последните месеци свесно се повлекува од јавноста за да ужива во овој посебен период од својот живот во мир, опкружена со семејството и најблиските пријатели.

Сепак, Милица сега се огласи на својот Инстаграм профил и ги воодушеви своите следбеници.
„Среќен Божиќ! На сите мои пријатели и обожаватели, ви посакувам да ги поминете празниците во здравје, среќа и благосостојба, опкружени со мир и љубов.

Ваша Милица Тодоровиќ“, напиша таа на својот Инстаграм, а нејзините следбеници исто така можеа да видат колку прекрасно изгледа пејачката непосредно пред породувањето.

Да ве потсетиме, нејзините соседи беа расположени да зборуваат за неа. „Сите ја сакаме Милица и кога слушнавме дека е бремена бевме пресреќни. Пред тоа, таа беше во јавноста поради тој криминалец кој беше уапсен тука, како што рекоа, во нејзиниот стан и тоа нè изненади. Таа не е дете од таква средина и добро е што се ослободила од тој тип. Не знам кој е новиот дечко, внуката ми кажува дека доаѓа. Тој не живее таму, но ѝ помага во сè. Претпоставувам дека ќе остане тука да живее , изјави соседката за Блиц.
Foto: print screen/Instagram







